• mk.gif МКД
  • en.gif ENG




  • Печатница

    Доверливи и посветени
    Графичката компанија “Унистар“ нуди квалитетно печатење од основните црни и бели копии во производи целосно во боја. Независно од тоа дали Вашата нарачка (работа) е во голем или мал обем, Вие секогаш ќе бидете третирани со истата одлична услуга, која ги задржува нашите клиенти да ни се враќаат повторно секоја година (или година за година). Ние нудиме офсет и дигитално печатење целосно во боја, копирање со голема брзина, дизајнерска работа од почетокот до производството, временски брз обрт како и превземање и испорака. Нашата компанија е мала и локална и постоиме веќе преку 30 години. Горди сме на нашата репутација за одлична услуга и посебно внимание. Нашите клиенти се чувствуваат ценето и почитувано и веруваат дека ние можеме да им го пружиме најдоброто. Повелете, дојдете и уверете се што ние може да направиме за да ви го направиме денот подобар.
    Одлична услуга, одлични цени, квалитетно печатење

    Погледнете некои од нашите печатени производи во нашата галерија. Кога вие работите со нас, ние ќе настојуваме да го најдеме начинот, кој најдобро одговара на Вашата специфична цел, независно дали се работи за канцелариска работа, да се биде забележан на целосна огласна табла или објавување на некој специјален повод на необичен начин. Ако Ви е потребен дизајн на целата работа, испечатете нешто, што претходно сте искреирале или пак, доколку сакате брзо печатење, дојдете кај нас. Ако сакате посебно внимание и одлична услуга, дојдете и посетете не. Доколку сакате квалитетно извршена работа и одлични цени, ние сме тука за вас.
    Што може да направиме за вас:
    • Визит карти
    • Брошури
    • Меморандуми
    • Коверти
    • Некарбонски (NCR) формулари
    • Бизнис формулари
    • Постери / флаери
    • Закачалки за врата
    • Разновидно печатење на податоци
    • Книги / Програми / Прирачници / Каталози
    • Покани / Известувања
    • Разгледници / Тефтери
    • Влезници
    • Етикети
    • Поврзување на книги
    • Ламинирање
    • Превиткување, сечење, средување, соединување
    • Скенирање на диск / драјв / меил
    • Дупчење, перфорирање, нумерирање

    Што нудиме ние:

    • Целосна услуга за печатење
    • Офсет и дигитално печатење целосно во боја
    • Конкурентни цени
    • Брзо копирање и скенирање
    • Квалификувана, пријателска услуга
    • Услуги од графички дизајн

    Ние можеме тоа да го направиме

    Независно од Вашиот стил, нашето квалитетно печатење ќе ви помогне да создадете импресија што трае. Професионална или лична, забавна, флертувачка, класична, едноставна или драматична, ние тоа можеме да го направиме.
    Нашата мисија е да им обезбедиме на нашите клиенти квалитетно испечатени решенија. Наша желба е да дадеме одлична услуга и изработка во секоја поединечна работа. За да се постигне таа цел, ние работиме прецизно со секој клиент и ја креираме нашата работа за да ги оствариме нивните поединечни потреби. Ние сакаме секој наш клиент да доби уникатен, посебен дизајн и практични печатени материјали со пристапни цени. Нашите вработени поседуваат повеќегодишно искуство во печатење за секоја работа, која е пред нас. Креативноста ја комбинираме со практичност за да се добие печатен материјал, кој ќе биде истовремено и функционален и убав. Ние дизајнираме, едитираме, пишуваме, докажуваме, печатиме, ламинираме, копираме, финишираме, пакуваме, се што е потребно за да се заврши задачата правилно.
    Совети за прецизно печатење
    Бидете сигурни во тоа која програма сте ја користеле и дали е тоа PC или Mac. За најдобри резултати, обезбедете ни pdf од Вашата работа и вклучете линкови. Имајте во предвид дека сите монитори и печатачи се различни, така да боите кои ги гледате на Вашиот екран може да бидат различни од оние, кои се испечатени. Доказот е најдобар начин за секогаш да бидете сигурни во вистинската боја. За таа цел, ќе ни помогне многу, доколку од Вас ја добиеме во хартија ( испечатена копија). Доколку симнувате слики од веб сајтови, тие може да бидат со ниска резолуција и да изгледаат матно или пикселирано. Одберете ја највисоката резолуција или најголемата величина, кој може да ја најдете. Машинското и дигиталното печатење се разликуваат во зависност од тоа, како е подготвен фајлот, за да се знае кој метод ќе се користи пред испраќање на фајловите. Прашањето за бојата се појавува кога треба да се подготви фајлот во RGB околина (компјутерски екран и веб) и треба да се испечати во CMYK околина (за печатење). Доколку сето ова ви звучи како странски јазик, бидете слободни да не повикате и ние ќе ве поведеме низ целата постапка.
    Само побарајте
    Ние се стремиме кон прецизно добивање на Вашите фајлови. Работиме наизменично и на PC и на Mac за да им обезбедиме на напите клиенти најфлексибилна услуга. Примарно работиме на графички програми како Adobe Creative Suite’s Illustrator, In-Design, Acrobat и Photoshop. Ние можеме да ги примиме Вашите направени работи во Microsoft Word, Excel, Publisher и Power Point. PDF фајловите обезбедуваат најточна репродукција со најмал степен на загуба. Најголем број од програмите имаат можност да се зачуваат или испечатат во PDF. Среќни сме доколку ви помогнеме во тој процес! Вие може да ни испратите фајлови прелу електронска пошта или да ни ги донесете на USB, CD или DVD.